еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ковид-19 не ја „зарази“ Комерцијална банка: За шест месеци добивка од 12 милиони евра

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Комерцијална банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 743,3 милиони денари (12 милиони евра) наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 675,1 милиони денари (10,9 милиони евра) што претставува зголемување за 10,1%, соопшти банката преку Македонската берза.

„Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 75,8%. Зголемувањето на бруто-добивката е остварено во услови на позначителен пораст на дополнителната исправка на вредноста на финансиските средства заради влошување на квалитетот на корпоративното кредитно портфолио.

Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 70,3% поголема во однос на истиот период минатата година.

Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи, односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје и Технометал Вардар АД Скопје.

Пораст бележат и нето-приходите од камата, пред сè од секторите домаќинства и држава, како резултат на зголемена кредитна изложеност.

Позитивниот резултат од работењето, банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата поради пандемијата со Ковид-19, при што е извесно дека и во следниот период здравствената и економската криза ќе се пролонгира и остануваат присутни ризиците поврзани со истата“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 164.000 евра

Комерцијална банка оствари приходи од 16,5 милиони евра за три месеци: Каматите основна компонента

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на Македонската берза

„Адора Инженеринг“ купи 10.592 акции од „Комерцијална банка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има три стана: Што пријавила во анкетниот лист претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Редакција

(Фото) Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Томи Дорфман и уште многу други дел од кампањата на Diesel Haute Couture

Редакција

„Дека“ е Мира Дизел?

Редакција