еМагазин
Image default
Бизнис

Паѓаат каматите на кредитите и депозитите

Во јуни 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен и годишен пад од 0,03 процетни поени (п.п.) и 0,39 п.п., соодветно и изнесува 4,80%, соопшти Народната банка.

„Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 1,09%, додека на годишна основа таа се намали за 0,32 п.п“, информираат од банката.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 3,94%, по забележан месечен раст од 0,02 п.п.

„На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,76 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е остварен месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 0,64%, додека на годишно ниво е забележан пад за 0,51 п.п“, соопшти Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона кризата не го запре задолжувањето: Граѓаните од банките зеле кредити од 2,7 милијарди евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП го продолжи рокот за поднесување ДДВ-4 до 27 октомври

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-бај 2 Амет“ вреден 721.1 илјади евра

Редакција

Индустриското производство во декември лани намалено за 5,8%

Редакција