еМагазин
Македонија

Корона вирусот „пламна“ во Геријатриската болница

Нови 10 пациенти со Ковид-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата“, рече Филипче.

Директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска изјави дека ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција.

„Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на Ковид-19, како и тројца вработени во болницата“, додаде д-р Салија Љатиф Петрушовска.

Од болницата преку соопштение информираа дека од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

Редакција

Податоците се безбедни, не смеам да кажам дали беше побаран откуп, вели директорката на ФЗО, Грашкоска

Редакција

Поради отсуство на обвинетата, одложено судењето за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици

Редакција