еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!

Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа.

– Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Огњановски изјави дека одлично се чувствува.

– Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија.

Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!, истакна Огњановски.

Фото: Фејбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“ за Пендаровски, Силјановска и Река: „Дали знаевте дека има дебата на МРТ и зошто не“

Редакција

Данела Арсовска со плата од 2.036 евра меѓу најплатените градоначалници во регионов

Редакција

Железници инфраструктура склучи договор со “Аркон Ко“ вреден 285,8 илјади евра

Редакција