еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешнатра средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека мандатот му го доверил на Зоран Заев, бидејќи смета дека роковите за мандат течат по верификација на мандатите на пратениците иако не е избран претседател на Собранието имајќи ја предвид политичката пракса во изминативе 30 години, односно ситуациите во 2006 и 2016 година.

-До овој момент 61 пратеник нема ниту една политичка страна, ниту еден политички субјект од оние кои влегоа во новиот парламент меѓутоа господинот Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече  дека во преговорите со повеќе политички партии кои се со свои пратеници во Собранието е на добар пат да обезбеди мнозинство, рече Пендаровски појаснувајќи го неговиот одговор на прашањата од Мицковски и Гордана Силјановска за тоа дали и на кој начин бил уверен од Заев дека има мнозинство.

Во делот на тоа дали барал гаранции за претпоставеното мнозинство на Заев, Пендаровски истакна дека тоа не го барал ниту еден претседател од Киро Глигоров до денес, освен Ѓорге Иванов и тоа, подвлече, вториот пат кога Заев дојде да го бара мандатот откако Никола Груевски, кој имаше само 51 пратеник и немаше очигледно мнозинство не му бараше потписи.

-Моето убедување и како претседател и како човек е дека на луѓето особено оние кои претендираат да бидат премиер утре на оваа земја мора да им се верува на зборот затоа што и тие имаат одговорност не кон својата партија и кон своите гласачи.

Конечно ако за 20 дена Заев не направи Влада, значи ќе се увери дека нема 61 човек и ќе си го врати мандатот назад. Значи вие не можете со трикови да добиете мандат велејќи дека јас имам мнозинство имам шанса да направам мнозинство и за 20 дена целата јавност ќе види дека вие немате мнозинство.

Мнозинството од 61 не се утврдува кај претседателот кога го дава мандатот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласање во Собранието за новата влада, рече Пендаровски

Моето, рече тој, е да го дадам мандатот од 20 дена. Тој што тврди дека има мнозинство или дека ќе направи мнозинство, да покаже дека има мнозинство во Собрание, ако не, го враќа назад мандатот и одиме со втората партија која има најмногу мандати-а тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Пендаровски.

На новинарско прашање тој рече дека е легитимно право на ВМРО-ДПМНЕ околу одлуката за замрзнување на односите со претседателот, тоа е нивно демократско право, но според него, станува збор за потег кој е испровоциран од некое внатрепартиско прашање.

-Ако Заев не направи влада за 20 дена, јас ве уверувам дека Мицкоски на истекот на тој рок ќе дојде одсабајле овде, во оваа институција да го бара мандатот иако односите му се замрзнати, вели Пендаровски.

За можноста од распуштање на Собранието и шпекулации во јавноста во врска со тоа, тој подвлече дека според Уставот е можно само со гласот на 61 пратеник со кои се самораспушта парламентот и се оди на нови избори. Нема друг начин, дециден е шефот на државата.

Нагласи дека освен Заев досега никој не се јавил во неговиот кабинет во врска со мандатот, ниту Мицкоски, ниту Ахмети оти можат да направат влада, а тој, вели, морал да го даде мандатот во рок од 10 дена, бидејќи според Устaвот е должен да го направи тоа, во спротивно го крши Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски му го врачи мандатот на Заев за состав на нова Влада

Мицкоски: Од денеска ги замрзнуваме односите со кабинетот на Пендаровски

Заев и Ахмети на „чекор до договор“ за формирање на Влада

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сите институции има лица кои доставуваат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ, тврди министерот Спасовски

Редакција

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Редакција

ДИК: Изборите согласно законот, избирачкиот список мора да се преработи

Редакција