еМагазин
Image default
Македонија

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово. Здравствените надлежни денеска соопштија за нов пациент кој имал позитивен тест на корона вирусот со што бројката на заразени лица од вирусот во Берово од почетокот на пандемијата сега изнесува 10 лица.

– Со денешниот нов случај активни се седум лица. Најновите информации велат дека најголем дел од овие пациенти се во добра состојба, со што многу скоро ќе се вбројат на листата на оздравени пациенти, велат надлежните.

Тие упатија препораки и понатаму да се почитува обврската за заштита од вирусот со препорачаните мерки од страна на Комисијата за заштита на заразни болести и Министерството за здравство.

Во останатите општини од опкружувањето, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево во текот на денешниот ден не се регистрирани нови позитивни случаи на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар двајца новозразени, само овој месец 25 лица

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од Ковид-19 во Кичево

МИА/Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ го прекршила законот, добила повисока донација од законската, утврди Антикорупциска

Редакција

Детална листа: Најнови мерки на Владата против корона вирусот

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција