еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Предлог-ресторани за посета опкружени со убава природа

Кога доаѓа викенд или пак кога сме во близина на одредено место, најчесто се прашуваме што би можеле да посетиме или пак каде да ручаме опкружени со прекрасна природа.

„еМагазин“ ви предлага да посетите два ресторани на две различни страни од државата, зависно каде се наоѓате.

Лебедово езеро, Струмица

Доколку сте во околината на Струмица, такво место е ресторанот Лебедово езеро, кој е комплекс со базен, но и со соби за спиење. Периодов сместувачките капацитети се полни, а се очекува места да се ослободат после 20 август.

Езерцето со црни и бели лебеди, природното опкружување, хортикултурното уредување го прават ова место пријатно за престој со одлична и вкусна храна. Интересно е како за децата, така и за возрасните.

Местото се наоѓа во близина на Ново Село на патот кон Смоларски водопади.

Воденица 3, Крива Паланка

Ресторанот е оддалечен околу 2,5 километри од Крива Паланка, во прегратките на планините и по течението на Дурачка река. Местото изобилува со зеленило, но и прекрасно уреден амбиент со цвеќиња, воденица, дрвени мовчиња, чадори на влезот.

Воденица 3, има некоја позитивна енергија, бидејќи вработените нудат беспрекорна услуга. Храната е одлична, а овој ретсоран е познат по тоа што од една мала салата, може да се најадат тројца. Не се штеди на количина, но се внимава и на квалитет.

Најдобро е да се посети преку недела, а за викенди, најдобро е да резервирате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Ја знаете ли легендата за Камени кукли во Кратово

(Галерија) Ве водиме на Смоларски и Колешински водопади: Планината Беласица одлична летна дестинација во време на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе се гледа во Шведска

Редакција

Дали да се ставаат налепници или ќе се вадат нови: Од Влада се чека решение за регистарските таблички

Редакција

Кои компании ќе плаќат данок на солидарност

Редакција