еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави за МИА претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.

Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.

– Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум.

За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов за МИА.

Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити.

– Низ годините, Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките. Тоа е исклучиво во надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките, порача Богов во изјавата за МИА во врска со затворањето на „Еуростандард банка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, „Еуростандард банка“ е изолиран случај

Народна банка: Сопствениците на „Еуростандард банка“ не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

МИА/Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 111 пациенти заболени од Ковид-19, најмногу од Кавадарци 55

Редакција

Кој е Сашо Тасевски, најсериозниот кандидат за нов директор на БЈБ?

Редакција

Девојка со посебни потреби “продавана“ од мајка и сестра и за секс

Редакција