еМагазин
Image default
Македонија

Шест новозаболени, 18 оздравени од Ковид 19 во кумановско

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа, евидентира шест новозаболени лица од Ковид 19 – пет од Куманово, еден од Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се 18 пациенти.

-Вчера имаше поголем број на новозаболени, а денеска се шест. Имаме двајца кои работат во странство, еден асимптоматски кој направил тест за да патува во странство.

Во текот на вчерашниот ден имаше четврица повратници од странство, четворица кои сакале да се вратат во странство, двајца биле на одмор во Охрид, неколку изолирани случаи на вработени во приватни фирми и еден лекар од Општата болница.

Уште еднаш апелирам строго да се почитуваат мерките, да одмараме, но да се запази физичката дистанца, да се носи маска, често да се мијат раце, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 52 тестирања од кои 20 по „Мој термин“ и 32 епидемиолошки и контролни тестови.

Од почетокот на пандемијата во Кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.295 случаи, а во моментов активни се 286.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште двајца пациенти заразени од Ковид-19, вкупно 549

Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19

Нови 130 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Редакција

Тетово му се приближува на Чаир по бројот на активни случаи на Ковид-19

Редакција

Во Македонија активни и под контрола по два пожари

Редакција