еМагазин
Image default
Македонија

Пронајдени 44 мигранти во дом во кумановското село Ваксинце

Пронајдени се 44 мигранти во домот на едно лице во кумановското село Ваксинце, за кое имало распишано потерница.

–На 23 авгут 2020 во 06:40 часот, полициски службеници од Полициско одделение Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ. во неговиот дом во село Ваксинце, бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор.

Тој не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија). Шестнаесет од пронајдените мигранти се малолетни лица, соопшти МВР.

Бил извршен увид и за настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизијата на Митрополитот Петар ќе се вика „Вистел“, тој не открива кој ќе ја финансира

Редакција

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција