Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 23 новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа.
-Сите новозаболени веќе имале контакт со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р, Ариф Љатифи.
Денеска, извршени се 59 тестирања од кои по 19 по „Мој термин“ и 40 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.401, а во моментов активни се 362 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само во три скопски општини над 100 активни случаи на Ковид-19
Починаа 5 лица од Ковид-19, двајца од Гостивар, по едно од Крива Паланка, Неготино и Скопје
МИА/Фото: Општина Куманово
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.