еМагазин
Image default
Македонија

Најдоцна во октомври СДСМ и ДУИ ќе ги распоредат директорските места во поважните институции

Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи, туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во новата Влада.

-Во претходната Влада јас станав премиер на 1 јуни 2017, а тоа го одлучувавме некаде во август, зошто, заради тоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност, туку кадрите кои се нудат на маса како потенцијал кој што ги имаме. Секако не само политичките партии, туку и експертите и професионалците во државата и така ќе ги утврдуваме, рече Заев.

Тој додаде дека најрано тоа би се случило во септември, кога ќе се носат тие одлуки, за до почетокот на октомври овие прашања да бидат решени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација

Редакција

Милошоски: Платите на обвинителите во СЈО се од 220-260.000 денари

Редакција

Три новозаразени и три лица оздравени од Ковид-19 во Кичево

Редакција