еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Девојка се удави во Вардар кај Гостивар, се трага по маж кој се обидел да ја спаси

Безживотно тело на помлада жена утрово е најдено во близина на селото Старо Чајле по три часовната потрага. Најверојатно се работи за девојката која синоќа пред полноќ беше пријавена дека била понесена од водите на Вардар.

Според првичните информации на портпаролот СВР Тетово, Марјан Јосифоски, утрово околу 3 часот телото го забележале локални жители на песочен остров во близина на детско игралиште. Набрзо потоа случајот го пријавиле во полиција.

По доаѓањето на медицинска екипа, било констатирано дека нема знаци на живот.

Се работи за дваесет годишна гостиварка која според првичните информации, некоја минута пред полноќ паднала во Вардар во близина на малиот метален мост кај градскиот пазар.

Очевидци кои пријавиле во полиција потврдиле дека и еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Се претпоставува дека станува збор за 45 годишен гостиварец, по кој сè уште се трага.

Полициски службеници и екипи за пребарување од утрово продолжија со пребарување по течението на Вардар во обид да се најде телото на мажот.

Полициски службеници и мештани со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата. Засега не се познати околностите кои довеле до трагичниот настан.

Телото на девојката, по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Natë e trishtë në Gostivar

Natë e trishtë në Gostivar: Kërkohen dy njerëz në ujërat e Vardarit

Posted by TV GLOBI on Петок, 28 август 2020

МИА/Видео: TV GLOBI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло до петок, за викендот повторно дожд

Редакција

На Божик, папата повика да се стави крај на „бесмислената“ војна во Украина

Редакција

(Фото) Три висококатници ќе се градат на паркингот кај „Холидеј ин“, инвеститорот МГ Фешен го престави проектот „Гранд“

Редакција