Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 30 август покажуваат дека 80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања.
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=439) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 114,5/100.000 жители.
Регистрирани се 377 смртни случаи кај лица од машки и 226 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 484 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=368), дијабет (n=174) и белодробна болест (n=92).
Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и шест смртни случаи кај здравствени работници“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 842 здравствени работници во Македонија се заразиле со Ковид-19, оздравеле 732
58,9% од хоспитализираните со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања
Фото: МЗ