Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа три нови лица од Ковид-19 помеѓу кои и 44-годишна пациентка од Струмица
Нови 72 заболени од Ковид-19 од 793 тестирања, најмногу во Скопје 24
Убава вест: Оздравени 54 пациенти од Ковид-19, најмногу во Гостивар, Скопје и Куманово
Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Фото: МЗ