еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Прво патни трошоци, па апанажа: Еднаш пратеник, „пола живот“ доенче

Информацијата дека дури 44 пратеници од минатиот собраниски состав досега побарале апанажа предизвика револт кај голем дел од јавноста.

Негативните реакции уште повеќе ги зголеми вчерашната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ако Владата поднесе предлог за укинување на патни трошоци, тогаш тој ќе поднесе предлог-закон да им се одземат службените возила на функционерите и да одат на работа со тротинети.

„Оправдано е пратениците кои не живеат во Скопје да користат превоз на државен трошок, a институциите да ги казнуваат тие што вршат злоупотреби“, вели Џафери.

Рака на срце, тој беше искрен и кажа дека не очекува да добие таков предлог од Владата, иако тоа беше предизборно ветување на СДСМ.

„Поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот. Ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени. Јас повикувам на разум.

Овие 120 пратеници се избрани од граѓаните и треба да имаат соодветен статус, а не да се прави карикатура од нив и да се преставуваат како најголемо зло“, рече Џафери.

Но, ако се земе предвид дека токму тие пратеници трошат милиони државни пари за транспортни трошоци иако држвата им обезбедува бесплатен превоз со железнцата и меѓуградскиот автобски превоз, кој ретко кој го користи тогаш во прашање се доведува оправданоста на нивните привилегии.

Вусшност, идејата на Џафери дека ќе побара функционерите во извршната власт да одат на работа со тротинети воопшто не е лоша, но истото да важи и за пратениците во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апанажа побарале дури 44 пратеници од минатиот собраниски состав 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гостивар склучи договор со Пуцко петрол вреден 560,9 илјади евра

Редакција

„Корона“ кризата “удри“ на преработувачката индустрија

Редакција

(ВИДЕО) За прв пат во чест на Македонија, разгорен вечниот оган во Париз

Редакција