Заразеното 15-месечно дете престојувало во градинката „13 Ноември“ во Општина Центар во Скопје само еден час на 9 септември, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека, покрај целото семејството, и детето е позитивно на Ковид -19.
„На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката.
Вчера на 14 септември, околу 16 часот градинката е известена од страна на родителите дека покрај цело семејство и детенцето е позитивно на Ковид-19 и нема да посетува градинка,“ изјави Шахпаска.
Согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во јаслената група во која што било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот.
Согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на 14.555 деца покажале интерес тие да посетуваат градинка
Дете од градинката „13 Ноември“ во општина Центар позитивно на Ковид-19