еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Минстерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Починаа седум нови лица од Ковид-19, најмладиот е на 43-годишна возраст

Нови 186 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.674 тестирања: Најмногу во Скопје, Куманово, Кочани и Струмица

Убава вест: Оздравени 85 заразени од Ковид-19

Фото:МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десетина граѓани се јавиле во Обвинителство со сознанија за Онкологија, тројца пациенти ќе имаат увид во постапката

Редакција

Агим Красниќи кој е во бегство 4 години уапсен во Косово

Редакција

Се тестираат уште три лица од Дебар кои претходно биле во контакт со заболените

Редакција