еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватска ја „тресе“ афера со проневера на тендери: Првпат во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници

Управата за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) во Хрватска почна истрага против директорот на компанијата „Јанаф“, Драган Ковачевиќ и уште десетмина други лица, кои се осомничени за проневера со тендери.

Ковачевиќ е на чело на “Јанаф“, државна компанија што доставува сурова нафта преку цевководи, од 2012 година.

УСКОК за 10 од 13 осомничени во аферата „Јанаф“ побара притвор поради можно влијание врз сведоците. Помеѓу осомничените се и градоначалниците на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП), на кои вчера им беше укинат пратеничкиот имунитет откако беа уапсени.

Пратеничкиот имунитет му е одземен и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ).

Првпат во Хрватска во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници.

Приведените лица се товарат за фаворизирање на фирми во распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кромидот поскап за 10 денари, доматите и краставиците максимум до 95, леќата 110 денари: Корегирани цените на овошјето и зеленчукот

Редакција

Голем пораст: Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција

Пристигна донацијата од Грција, 100.000 вакцини „АстраЗенека“, кои ќе се аплицираат на лица над 60 години

Редакција