Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа.
„Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите.
Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно,“ одговори Битиќи на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработувања во приватниот сектор по етнички клуч.
Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер „поцрвене“ по најавата на Груби: „А ќе мора ли после да се применува Бадентер у фирма?“
Груби најави субвенционирање на компаниите кои ќе вработат припадници на други етнички заедници
МИА