еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник” продолжува на 29 септември

Случајот „Титаник“, кој се уште е во фаза на доказна постапка, продолжува на 29 септември.

Во текот на денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности, сведокот Наќо Николовски од Кичево изјави дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 90-те години на минатиот век и секогаш донирал парични средства во партијата, но тоа го има правел во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, а не во банка.

– Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец сум донирал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во ОК-Кичево. Највисока сума што сум ја донирал беше 20 илјади денари во 2011 година пред изборите, а пред тоа сум плаќал членарина од две-три илјади денари. До моментот кога бев повикан во СЈО, не знаев дека во мое име е исплатен износ од 60 илјади денари. Уплатницата ја видов при распитот и потписот не беше мој, рече сведокот Николовски.

На прашање на обвинетиот Илија Димовски, дали бројот на лица кој плаќале членарина го надминува 500, тој наведе дека бројката била и поголема и дека од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево, потоа парите ги уплаќале во банка во име на партијата.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс-пратеникот Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), обвинетите се осомничени за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведок во „Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, велат од МВР

Редакција

Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149

Редакција

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција