еМагазин
Image default
Локално

Измама: Му зел пари за да ослободи затвореник претставувајќи се како вработен во затворот Шутка

На 22.09.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, Т.П.(56) од с.Ногаевци пријавил дека на 12.09.2020 бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.30 часот на Д.С.(29) од с. Ногаевци, општина Градско, му се јавило едно лице кое се претставило како А.Н., наводно вработен во Затворот Шутка и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне да излезе од затвор В.П., информира МВР.

Според пријавеното, Д.С. му го дал бројот на Т.П, кој се согласил да даде пари, по што околу 11.00 часот Т.П. се сретнал со А.Н. и му ги дал парите, а наредниот ден отишол во затворот и му го кажал тоа на В.П..

По 10 дена, бидејќи немало ништо од ослободувањето на В.П., тој настанот го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продавачки на билети на ЈСП обвинети дека за себе присвоиле 376.000 евра

Редакција

Скопската Зоолошка градина ќе добие фламинга и пингвини

Редакција

Иселеничка во Шведска обвинува дека цариници и зеле 3.000 евра од багаж на скопскиот аеродром

Редакција