еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните“, рече Спасовски.

Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во велешко.

Приведени се четири лица и има 10 осомничени лица. Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите одбиле заедничко одбележување на Холокаустот со Македонија

Редакција

Во болницата Козле се хоспитализирани четири деца позитивни на корона вирусот

Редакција

Ковачевски за изјавата на Радев: Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има, бидејќи веќе ги почнавме преговорите

Редакција