еМагазин
Image default
Македонија

Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања.

Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.

Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот.

Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 треба да биде испуштен од болница, Апелација решава за притворот

Редакција

25 македонски државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50

Редакција

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Редакција