еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се забранат настапи на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти

Забрана на гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири.

Ова се препораките на Комисијата за заразни болести, кои ќе бидат предложени на денешната седница на Влада, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Сметаме дека ова се апсолутно оправадни мерки, дека се добар период кога треба да се имплементираат. Секако ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди, изјави Филипче, за телевизија Канал 5.

Тој посочи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран по завршување на годишните одмори.

– Имаме зголемување на бројот на случаи во сите возразни групи над 20, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години. Тука е иста бројката. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години од 50 проценти и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено.

– Се уште е рано, затоа што тоа значи освен превентивна мерка за корона и заштита од сезонски грип, настинки во ладното време и секако од загаден воздух. Значи би размислувале во подоцнежните есенски месеци за сите други мерки, изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен управителот на барот „Мош“, вчера инспекторатот спровел сто контроли

„Сега, еве да допее Владо и затвараме„: Твитер реакции за журките во „Мош“

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како после Ковид-19 да се разбуди „заспаниот имунитет“ кај децата, кој е причината за заболување со вируси нетипични за лето

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица болни од Ковид-19

Редакција

„Уника“ го доби тендерот на ЈСП за осигурување вреден 183.000 евра

Редакција