еМагазин
Image default
Македонија

Заев најави можно затворање на угостителските објекти кои нема да ги почитуваат мерките

Премиерот Зоран Заев побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести зашто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани.

– Свесни сме дека е важен и економскиот дел и егзистенцијата на уметниците кои настапуваат во угостителските објекти, но, сепак, здравјето е доминантно и Владата ја донесе одлката заради здравјето на граѓаните.

Бројките растат, доаѓа зима, сите треба да бидеме дополнително внимателни, рече Заев во врска со мерката за забрана за настап на пејачи во угостителски објекти, додавајќи притоа дека помош ќе има и никој нема да биде оставен и заборавен.

Владата вчера дискутирала, додаде тој, и за можноста не само парично да се казнува, туку и да се затвори угостителски објект кој нема да ги почитува мерките и дека таа надлежност може да ја имаат инспекторатите или МВР.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата зачудена од нападите и квлификациите на угостителите

Угостителите реагираат: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 16.000 наши државјани живеат во италијанските региони каде има изолација поради коронавирусот

Редакција

МОН ја стави во мирување вонредната настава: Во средните медицински училишта ќе се запишуваат само редовни ученици

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција