Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182
Починаа уште четири лица од Ковид-19 во болнички услови
Убава вест: Оздравени 104 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Фото: МЗ