еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во земјава.

Портпаролката на ЕК за образовение Сузан Конзе, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

„Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад“, изјави Конзе.

Европската Комисија во моментов не може да даде повеќе детали за истрагата додека е во тек, но она што е познато е дека во случај да биде утврдена криминална злоупотреба на фондовите, случајот ќе биде испратен до ОЛАФ, европското тело за борба против измами.

Од Комисијата објаснуваат дека доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка“, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ.

При апликација за фондовите Еразмус плус, државата е гарант за овие пари во случај на нерегуларност или измама и е обврзана да ја врати целокупната сума.

Брисел исто така врши редовни финансиски ревизии, како и годишен мониторинг за трошењето на бриселските фондови.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Димова: Невистините и клеветите ќе ги докажуваме на суд

Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Зоран Златковски: Не сум “фризер”, туку наставник, обучувач и консултант

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 98 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Бугарското МНР ќе го испитува случајот со тепањето на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“

Редакција

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

Редакција