Јас како претседател до овој момент немам добиено ништо, ниту на писмено, ниту вербална информација дека на средбата во Софија на Бујар Османи му е пренесен некаков сет на барања, како што информираа дел од медиумите, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување на „Топ Тема“ на Телма.
Пендаровски тврди дека во изминатите три месеци со Софија интензивно се работи на надминување на недоразбирањата, додавајќи дека во тие билатерални напори се користат „и добрите услуги на Германија како претседавач на ЕУ“, која има стартешки интерес за евроинтеграцијата на регионот.
За преговарачката рамка, вели Пендаровски, во тек се внатрешни разговори во ЕУ за усогласување на нејзината содржина и иако ние не сме дел од тој процес, сепак, индиректно и билатерално се обидуваме да ги појасниме нашите ставови за спорните забелешки на Бугарија, приложени во појаснувачкиот меморандум.
Оспорувањето на етногенезата на македонскиот народ и тврдењето дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик за Пендаровски е надвор од памет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Кабинет на претседател