еМагазин
Image default
Локално

Притвор за шест лица осомничени за убиство во Прилеп

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, извршено на 14-ти овој месец на ул. „Дебарца“.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А. (26), Џ.Л. (54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ.

На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С., најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А., Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница.

Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал“, информираат од МВР.

По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молотов коктел фрлен во продавница во Тетово

Редакција

Полициски командир потпомогнат од вработени на ФОН „завршил“ високо образование

Редакција

Автопатот не е писта: Казнети 257 лица за брзо возење на релација Куманово-Велес и на обиколницата

Редакција