еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вицепремиерот Фатмир Бетиќи во самоизолација, имал контакт со заболен од Ковид-19

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи, на неговиот фејсбук-профил објави дека ќе биде во самоизолација поради контакт со заразено лице од Ковид-19

„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик.

Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби.

Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине,“ напиша Битиќи.

Фото: Фејсбук/Фејсбук Битиќи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ваквите примери ја враќаат вербата во луѓето: Возач на ЈСП врати изгубен паричник на патник со цела плата внатре

Редакција

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер

Редакција

Кој е новиот протокол за превенција од Ковид-19 за планинарење

Редакција