еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Папата прв пат отворено се заложи за геј бракови

Папата Франциско изјави дека геј-луѓето треба да може да го легализираат своето партнерство во документарец кој беше премиерно прикажан денеска, пренесе „Ројтерс“.

„Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се божји деца и имаат право на семејство“, рече папата во изјавата.

„Неопходно е да се донесе закон за граѓански брак. На тој начин тие ќе бидат законски опфатени. Јас се залагам за тоа“, додаде папата, со тоа поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата Франциско овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франческо“, што беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим и се занимава со ликот и делото на сегашниот папа.

Фото: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Макрон вели дека е прерано за преговори со Македонија, Меркел се надева на компромис

Редакција

Господине Сулејман Реџепи наместо закани од Вас се очекува помош

Редакција

Бројот на загинати при нападот во Стразбур порасна на пет

Редакција