еМагазин
Image default
Бизнис

„Факом“ ја зголеми добивката и покрај пандемијата од Ковид-19

Во периодот од 01.01. до 30.09.2020 година „Факом“ оствари позитивен финансиски резултат во износ од 14.923.121 денари наспроти добивката за истиот период од 2019 година која изнесуваше 1.355.656 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Зголемувањето се должи на зголемениот обем на работа каде што оперативните приходи се зголемени за +22% во однос на истиот период. Финансиските приходи се намалени за -41% и за овој период немаме приходи врз основа на камати од работењето со неповрзани друштва.

Вкупните приходи за периодот од 01.01.-30.09.2020 год. изнесуваат 927.186.675 денари и се зголемени за +22% во однос на истиот период 2019 година.

Појавата и ширењето на вирусот Ковид-19 создаде сериозни проблеми за светската економија. Проблемите се како на страната на понудата, така и на страната на побарувачката. Затворањето на границите и отежнатото движење на производите, како компанија која со околу 80% од производните капацитети сме  ангажирани во странство, овие негативни ефекти веднаш ги почуствувавме.

Но „Факом“ мора да ја задржи и да ја надгради позицијата на препознатлива успешна компанија за челични конструкции и опрема во земјата и странство, кои ќе бидат произведени по највисоки стандарди и по квалитет и со конкурентни цени на пазарот“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

Уготур со добивка во првите три месеци

Редакција

Граѓаните сами ќе платат за замената на регистарските таблички со НМК, ќе ги чини до 1.500 денари

Редакција