еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.433 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика вчера соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година, изнесувала 27.535 денари.

Статистичките податоци откриваат дека во Македонија има дејности каде што просечната плата е двојно поголема отколку државниот просек.

На прво место според највисоките просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечна плата од 66.433 денари.

На второ место е секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (46.137 денари). На трето место е секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (43.320 денари).

Потоа следуваат воздухопловниот транспорт (42.214 денари) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (41.265 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На дното: Пет најниски просечни плати во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани 13.000 нови сиромашни во Македонија, 5.000 се деца

Редакција

Пациенти од Скопје, Кичево и Струга починаа од Ковид-19

Редакција

(Фото) Скопје ќе го добие првиот Retail Park во јуни

Редакција