еМагазин
Image default
Македонија

Најмногу од новозаболените од Ковид-19 во Македонија се на возраст од 30 до 39 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 19 до 25. октомври покажуваат дека најмногу од новозаболените од Ковид-19 во Македонија се на возраст од 30 до 39 години.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол.

Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување од 27,4%: За една недела 3.410 нови случаи на Ковид-19

20 лица биле на возраст од 30 до 39 години: За една недела 84 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР распиша оглас за вработување на 600 полицајци

Редакција

Собранието го ратификуваше Договорот за Фронтекс

Редакција

Градоначалникот на Перник: На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија

Редакција