еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 27,4%: За една недела 3.410 нови случаи на Ковид-19

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 19 до 25 октомври 2020 година, тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од (5,9%) во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу од новозаболените од Ковид-19 во Македонија се на возраст од 30 до 39 години

20 лица биле на возраст од 30 до 39 години: За една недела 84 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на 14 теренски возила и една лимузина

Редакција

Прометот во индустријата лани зголемен за 13,5%

Редакција