еМагазин
Image default
Македонија

Заев немал директни контакти со министерот Спасовски, но ќе направи тест

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација.

Доколку здравствените, стручни институции утврдат дека некој претставник на СДСМ треба да биде во изолација, јавноста ќе биде информирана за тоа.

Претседателот на Владата, Зоран Заев немал директни контакти со министерот, надвор од здравствените протоколи за лична заштита, но ќе направи тест на коронавирус, информираат за МИА од Канцеларија на портпаролот на Владата.

– Напоменуваме дека сите контакти на министерот Спасовски биле со почитување на мерките за физичко растојание, носење заштитна маска и избегнување на групирања. Во однос на прашањето за контакти во Владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видео-конференциска врска, велат од владината прес-служба.

– Секаде се почитувани мерките и протоколите за заштита на здравјето. Во однос на епидемиолошките анкети, тоа е задача на надлежните здравствени установи кои согласно процедурите ќе извршат анкети и согласно резултатите, ќе постапат зависно од наодите, е ставот на СДСМ, појаснува за МИА портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Сите активности во седиштето на партијата, потенцира таа, секој ден, се одржуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот, вклучително и организацијата на дигиталниот Конгрес на партијата. Впрочем, посочува, затоа СДСМ одржа дигитален конгрес заради заштита на здравјето на делегатите, членовите, медиумите, заради заштита на јавното здравје, појаснува за МИА, Кузеска.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ, информира Кузеска, се одржа во голема просторија со помалку од 30 проценти исполнетост на просторот.

– Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни, освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената, постојана дезинфекција и достапни средства.

Сите присутни беа на соодветна и доволна физичка дистанца, со постојано проветтрување на просторот и остојана дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површини во салата. Дополнително, пред влезот во салата на сите им беше измерена температура, согласно протоколите, вели Кузеска.

Таа додаде дека тоа е видливо и на сите фотографии од Конгресот, вклучително и во салите каде што присуствуаа и делегатите, во своите општини.

Министерот Спасовски преку објава на Фејсбук соопшти дека  е позитивен на Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата на својот фејсбук профил.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Во Кривичен суд пресуди за собраниските настани на 27 април

Редакција

Полицијата постапува по поплаките на Атиџе Муратова: Соседот веќе бил предупреден

Редакција

СДСМ ги објави кандидати за градоначалници за Куманово, Битола, Струмица, Струга…

Редакција