На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информира Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аеродром „ита„ накај 700 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини
Нови 15 пациенти починаа од Ковид-19, седум се од Скопје
Нови 628 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 353
Фото: МЗ