еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиниката „Жан Митрев“ нуди специјални поволности за тестирање за Ковид-19

Сведоци сме на континуираниот пораст на бројот на лица позитивни на Ковид-19, а со самото тоа и зголемена потреба од навремено и точно дијагностицирање на присуство на вирусот, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“.

„Со цел полесно справување со пандемијата и зачувување  на здравјето на населението, генетската лабораторија при Клиничката болница „Жан Митрев“ овозможува специјални поволности на PCR тестирањата. Капацитетите се неколкукратно зголемени и на располагање Ви стои тимот кој е единствениот во државата што го декодираше геномот на коронавирусот SARS-CoV-2 и има најдобро познавање на неговата геномска структура“, соопшти Клиниката.

Оттаму додаваат дека во зависност од потребите достапни се неколку различни опции:

За компании:

1. Индивидуални тестови

* Над 50 лица – 40% отстапка или 2.450 ден/човек

* 20-50 лица – 30% отстапка или 2.750ден/човек

*  до 20 лица – 25% отстапка или 3.000 ден/човек

2. Пулинг т.е тестирање на група:

1.500ден/лице + доплата 2.450 ден во случај на позитивни резултати.

За семејства:

од 2 до 10 члена – 25% отстапка или 3.000 ден/лице.

„Тестирањето се врши со земање на примерок брис од нос и грло кои се обработуваат со помош на PCR метода. Резултатите се готови најдоцна 24 часа по земање на примерокот. Во цената е вклучен и превод на еден од светските јазици, така што тестот може да се користи за патување.

Постои и опција за теренско земање на материјал.

Доколку сакате да веднаш да закажете термин, јавете се на 02/3091-484 или пишете ни на: [email protected]. “, информираат од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Даниловски објаснува за клиничката слика која ја предизвикуваат БА.4 и БА.5 варијантите на омикрон

Редакција

До понеделник стабилно, од вторник врнежливо време

Редакција

Проф. Трајковски: Новиот делта плус сој нема да предизвика силен бран и преполнување на болниците, максимум би имале 25.000 нови случаи

Редакција