еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Маски на отворено мора да се носат за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил образложи зошто мора да се носат маски на отворено.

„Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип.

Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето,“ вели Филипче.

Сето тоа, посочува министерот, се аргументи кои нас за време на дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажа на тоа дека сепак маски на отворено мора да се носат.

„Доколку се носат на места каде со седење се одржува дистанца, во ресторани нема логика да се носат маски секако, но мислам дека оваа мерка значајно може да влијае на епидемиолошката слика да го намали бројот на новозаразени и да ја спречи трансмисијата на вирусот,“ истакнува Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Проблемот со двојните матични броеви датира од 1981 година

Редакција

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

Редакција

Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени, вели Џафери

Редакција