еМагазин
Image default
Македонија

Османи на средба со Вуцас по повод терористичкиот напад во Виена: Силно го осудуваме терористичкиот напад

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес имаше средба со Георг Вуцас, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, по последните трагични случувања и грозоморни убиства во Виена, информираат од Министерството за надворешни работи.

На средбата Османи ја пренел поддршката на Република Северна Македонија на Австрија во справувањето со вчерашниот акт на тероризам, изразувајќи притоа сочувство за семејствата на жртвите и настраданите, пренесувајќи ги и желбите за што побрзо заздравување на повредените.

Османи посочил дека веќе во неколку наврати, и на повеќе нивоа, највисоките претставници на земјава изразија сериозна и бескомпромисна осуда на овој терористички чин. Исто така, Османи во оваа прилика пренел дека за радикалниот ислам и сите форми на екстремизам нема толеранција и оправдување.

„Силно го осудуваме синоќешниот терористички напад во Виена и ја споделуваме болката со нашите австриски и европски пријатели. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и цврсто стоиме против сите негови форми, без разлика од кого е сторен.

Сега е најважно да се покаже солидарност и координација во заедничкиот одговор против ваквото зло, кое штети на толеранцијата меѓу религиите и нациите, и се заканува да создаде раздор помеѓу Европа и други делови од светот.

Одговорот треба да биде едногласен и одлучен, солидарноста на Европа е клучна во овие моменти на заштитата на нашите демократии,“ истакнал Османи, посочувајќи притоа дека Република Северна Македонија и како членка на НАТО, и како земја – кандидат за членство во Европската Унија, активно придонесува кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот од било каков вид.

На средбата Османи изразил целосна подготвеност на нашите безбедносни структури за активна соработка со безбедносните органи на Австрија и Европол.

„Со оглед на појавените информации за можните двојни државјанства на некои од учесниците, добив потврда од нашите безбедносни структури дека се во целост ставени на располагање за потребите на органите на прогон на Австрија, како и на Европол.

Северна Македонија ќе се залага безрезервно во справувањето и сузбивањето на ваквите и било какви други видови на тероризам и насилство врз невини луѓе, кои ја загрозуваат стабилноста и демократијата на Европа, и ги нарушуваат основните нејзини вредности и принципи,“, истакнал Османи, упатувајќи уверување за целосна соработка и отворена поддршка од земјава при расчистување на целиот случај и изведување на напаѓачите пред судот на правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство: Австриската полиција бара соработка со МВР за терористичкиот напад

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

Еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од Тетово?

(Вознемирувачко видео) Терористички напад во Виена, загинаа најмалку три лица

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кривичен продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски

Редакција

Имаме јасни позиции, за македонскиот јазик и идентитет не се разговара, тврди Ковачевски

Редакција

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

Редакција