еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип.

„Според пријавеното околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Климе Попоски е назначен за нов генерален директор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Редакција

Тројца тепале скопјанец на улица

Редакција

Ќе се менуваат учебниците каде пишува “бугарски“ фашистички окупатор

Редакција