еМагазин
Image default
Локално

Разбојник со нож нападнал продавачка во Кавадарци

Со нож синоќа во Кавадарци била нападната продавачка.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци истакна дека синоќа девојка побарала медицинска помош и кажала дека била нападната во продавницата во која работела.

Притоа и била нанесена повреда, посекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

Според МВР, синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

„Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот“, истакнаа од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повредена скопјанка која скокнала од кат од куќа за да се спаси од пожар

Редакција

Приведен манијак од Чаир: Вознемирувал жени и ги допирал по телото

Редакција

Тешко се повредил додека поправал камион

Редакција