еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Денеска се отвора ресторанот на комплексот Аурора Козјак

Денеска се отвора ресторанот на комплексот Аурора Козјак, информираа за „еМагазин“ сопствениците Аника и Влатко Костенчеви.

Комплексот се простира на 2.000 метри квадратни на Козјак, ќе располага со десетина сместувачки капацитети со 10 луксузно опремени соби, со два ресторана, сала за состаноци, спа центар, детски игралишта, како и мини зоолошка градина.

Но најпрво се отвори ресторанот кој наликува на објект што е карактеристичен за планинските туристички места на Алпите, со отворен поглед, изграден од природни материјали кои се претопуваат во планинскиот амбиент.

„Сакавме што е можно повеќе да се користат локалните природни и еко материјали: камен, дрво, стакло, а архитектурата да не му конкурира на амбиентот и да изгледа како да е дел од него.

Гледајќи го сега, изграден, сметаме дека успеавме во тоа. Проектот за ентериерот го изработи архитектонското студио Смарт Ливинг од Скопје,“ велат сопствениците.

Во иднина ќе бидат понудени и повеќе активнисти како пешачки тури, јавање на коњи и возење на АТВ мотори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа и што ќе нуди комплексот Аурора Козјак инспириран од Аурора ресорт и спа во Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови директори на ХЕС „Црн Дрим“, ЕСМ Молика и ФОД

Редакција

Вонредно ќе се преиспитува пресудата: Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

Редакција

Засега нема датум за преговори во јунските нацрт-заклучоци на ЕУ

Редакција