еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонија како во војна: За десет дена 197 починати од Ковид-19

Со застрашувачко темпо се зголемува бројот на починати од Ковид-19 во земјава.

На 5 ноември, годинава бројот на починати беше 1.084 лица, а вчера тој се зголеми на 1.281 лице, што значи дека за десет дена дури 197 лица починаа од вирусот.

Иако повеќе од овие лица се починати во болнички услови, станува јасно дека македонскиот здравствен систем допрва ќе биде ставен на испит, бидејќи секојдневно се зголемува бројот на заразени.

Иако надлежните смируваат и тврдат дека има место во болниците, извесно е дека доколку заразата продолжи да се шири како досега ќе биде ограничен капацитетот за навремено пружање медицинска помош, што дополнително може да го зголеми бројот на починати.

Мора да се земе предвид и дека медицинскиот персонал е истрошен и дека пандемијата се пролонгира веќе цела година, што дополнително станува ризик фактор  во справувањето со болеста.

Со оглед на тоа што повеќе земји во регионот повторно ги враќаат рестриктивните мерки, како полициски час и карантин, не треба да не зачуди доколку набрзо тоа се случи и кај нас, бидејќи очигледно мерките што сега се на сила не го даваат посакуваниот резултат,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште 18 лица од Ковид-19, вкупно 1.281

Нови 1.168 случаи на Ковид-19 од 3.353 тестирања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со Мирсат комерц вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Бучковски на „тапет“ на Твитер откако Владата го назначи за специјален преставник за Бугарија

Редакција

Отворен Diamond Mall – првиот вистински лајф-центар во регионот

Редакција