еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов по ветото за Македонија: Нашата позиција не е од инает, ќе ги продолжиме разговорите

Бугарија отсекогаш беше една од земјите кои најмногу инсистираа на европската интеграција на Република Северна Македонија и на другите држави од Западен Балкан, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

„Бугарија силно ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО. Отсекогаш сме биле исклучително добронамерни и јасно кажавме до каде може да одат нашите компромиси. Формиравме и заедничка историска комисја, во која експертите требаше да ги решаваат спорните прашања само со аргументи.

Со вицепремиерите Захариева и Каракачанов одржавме десетици средби во потрага по решенија. Дадовме се од себе да не бидеме државата која ќе каже „не“ на стартот на преговорите со Република Северна Македонија“, наведува Борисов во објавата.

Сепак, според него, властите во земјава мислеле дека со притисок и лобирање, ќе може да се промени бугарската позиција.

„Нашата позиција не од инает, туку е принципиелна и ги отсликува очекувањата на сите Бугари. Се разбира, подготвени сме да ги продолжиме разговорите, продолжуваме да го почитуваме Договорот за добрососедство. Сепак, очекуваме да ја видиме истата посветеност и од другата страна“, додава Борисов во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

За Захариева македонското општество е тоталитарно

Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Монструм“ на СЈО продолжува на 31 август

Редакција

(Видео) „Еко Герила“: Се сечат илјадници дрвја на Шара за цевководи за хидроелектрани

Редакција

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за денар ипол

Редакција