„Цементарница УСЈЕ“ АД Скопје стекнa 100% удел во трговското друштво „ИД Компани“ ДООЕЛ увоз-извоз Кочани, кое има едно зависно друштво во негова целосна сопственост –„Опалит“ ДООЕЛ од с. Чешиново, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Со оваа трансакција, „Цементарница УСЈЕ“ АД Скопје обезбеди алтернативен и долгорочен извор за снабдување со еден од инпутите во своето производство – позолани, кои ги експлоатира друштвото за неметали „Опалит“ ДООЕЛ од с. Чешиново.
Купопродажната цена е во бруто износ од 350.000 евра“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Цементарница Усје“ ја зголеми добивката
Цементарница Усје ќе исплати дивиденда од 2.360 денари за акција
Фото: УСЈЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.