еМагазин
Image default
Бизнис

Во третиот квартал со воз превезени 68.000 патници, 199.184 со авион

Во третиот квартал годинава во патниот патнички превоз, бројот на превезени патници изнесува 638.000, во градско-приградскиот превоз 9.186.000, во железничкиот 68.000, а во воздухопловниот превоз 199.184, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на патници со воз во третиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани е намален за 44,2 отсто, додека намалувањето кај патниците со авион изнесува 77,4 отсто.

Во споредба со третиот квартал лани, во третото тримесечие годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 26,8 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 4,4 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 40,1 процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Топ пет акции на берзата со најголем пораст и пад на вредноста

Редакција

Душан Митрев нов генерален директор на Пивара Скопје

Редакција

Веќе потрошени 120 милиони евра од планираниот годишен дефицит од 260 милиони евра

Редакција