Македонскиот здравствен систем се бори да не колабира пред налетот на нови заболени од вирусот Ковид-19. Можностите се ограничени и капацитетите да им се даде помош на сите граѓани заразени од вирусот се исцрпуваат.
На социјалните мрежи секојдневно можат да се забележат трогателни сведоштва и апели за помош.
Меѓу нив се и сведоштвата дека медицинскиот персонал не може да одговори на редовните потреби за вода за пиење на пациентите кои лежат во одредени болници.
На социјалните мрежи можат да се забележат повици на граѓани за донации за вода за пиење до фирмите од оваа дејност.
Секојдневните бројки за нови заразени и починати лица од Ковид-19 јасно покажуваат дека Македонија е веќе влезена во критична фаза и дека е време надлежните институции да преземат одговорност, а секој од нас колку може да помогне.
На заболените да им овозможиме полесно да ја пребродат болеста, а со почитување на мерките за заштита побрзо да ја надминеме кризата.
Фото: Фејсбук/Хумана страна