еМагазин
Image default
Бизнис

И Пендаровски е за декриминализација на марихуаната

Во интервју за Дојче Веле претседателот Стево Пендаровски вели дека и тој подржува декриминализација на марихуаната.

На прашањето каков е неговиот став за еден поширок економски пакет, за кој премиерот Зоран Заев верува дека ќе ја живне домашната економија, меѓудругото и преку легализација на готови пари и имоти, легализација на возила со странски таблички, па сѐ до легализација на марихуаната…, тој одговара:

“Пред извесен период премиерот ме запозна со некои од тие проекти и притоа заеднички констатиравме дека дел од нив можат да бидат потенцијално ризични во случај ако за нив нема поширока поддршка од стручната јавност и разбирање од граѓаните, но и ако не воспоставиме механизми за контрола на потеклото и патот на парите.

Во првиот случај мој став е дека треба да се декриминализира марихуаната затоа што децении наназад ние се фокусиравме со ист интензитет на казнување и на оние кои ја користат дрогата за лични потреби и на оние кои ја дистрибуираат.

Исто така, сметам дека веќе доцниме со заокружување на легислативата за производство и дистрибуција на маслото од канабис за медицински цели за што постои јасна стручно-медицинска поддршка. Меѓутоа, имам лична резерва кон создавањето на законски претпоставки за комерцијална продажба на марихуаната и сметам дека, прво, одлуката не треба да се носи брзо и второ, дека таа дебата треба да се води во стручните, а не во политичките кругови.

При тоа, најбитно е во анализите да не биде калкулиран само економскиот профит, туку и евентуалните последици по здравјето на младите, како и можноста на тој начин да ја отвориме вратата за полесен влез на меѓународните нарко-картели во нашата земја.

Во однос на легализацијата на готовите пари, исто така, треба да бидеме исклучително претпазливи и во тој дел, нашето законодавство мора да ги содржи сите заштитни механизми од борбата против перењето на пари кои ги имаат развиените земји-членки на ЕУ, повторувам – развиените земји-членки.

Во спротивно, ризикуваме да го повториме негативно искуство на некои европски држави и да дозволиме влез на огромни суми валкан капитал кои носат негативен меѓународен имиџ на земјата, но, што е далеку поважно, потоа добиваат можност да ја контролираат и политиката и нашите животи„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Џоинт дан’ требит? Автобуска Охрид 2021„: Твитер реакции за најавата на Заев за легализација на марихуаната

Министерот Маричиќ: Декриминализацијата на марихуаната може да донесе повеќе поволности

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристо Иванџиков оттуѓи 10.000 акции од „Гранит“

Редакција

„Македонски телеком“ има поголем удел од „Оне.Вип“ во приходите од мобилна телефонија

Редакција

30,7 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Прилепска пиварница лани

Редакција